Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Калајџиев: Власта се обидува да се спаси од одговорноста за пожарот во Кочани |„Што има ново?“ #14
Во шорткастот „Што има ново?“ на ИМА, гостин е Гордан Калајџиев, професор по кривична постапка и казнено право. Во разговорот, тој се осврнува на истрагата за трагедијата со пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани, кој однесе над 60 човечки животи. Според Калајџиев, последните случувања ја потврдуваат тезата дека истрагата е контаминирана со дневна политика и селективност, а власта оди подлабоко и пошироко со истрагата во обид да се спаси од сопствената одговорност и да покаже ефикасност во остварување на ветувањето за борба против корупцијата и криминалот.