Профил на Башким Бакиу: ,,Скопјани пробаа многу опции, време е за еден Башким да биде градоначалник"

Животниот пат на Башким Бакиу почнува во Сарај, во 1981 година. Детството го минува на локалните фудбалски терени, Матка и Треска. Подоцна во животот запишува и завршува Политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во исто време работејќи и како продавач на пазар за да си помогне во студиите Денеска Башким Бакиу е татко на три деца, експерт од областа на локалниот развој и децентрализацијата и директор на Дирекцијата за општи услуги во Универзитетскиот клинички центар во Скопјe. Главниот град досега имал градоначалници од различни провиненции, вели тој, и додава – мислам дека е време да има и еден Башким

Смотрите также