Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
40 години Бушава азбука: Откриваме мурал за овој јубилеј / 40 godini Bushava Azbuka @VidiVakaMedia
Започнува одбележувањето на 40-годишниот јубилеј на „Бушава азбука“, на 31 август ќе биде свечено откриен муралот во Дебар Маало. Со откривање на муралот „Бушава азбука“, на улица Орце Николов број 106, во 10:30 часот ја започнуваме прославата по повод 40 години од легендарната серија. Те чекаат забавно-образовни активности за деца, а за возрасните музички сет на диџеј Vishko. На публиката, за првпат, ќе ѝ ја прикажеме шпицата за новата анимирана серија „Буквождер“. Покрај подароци за најмладите, ќе ги претставиме и првите лиценцирани производи под брендот „Бушава азбука“. Преку кампањата „Време е за Бушавата азбука“, со донација ќе можете да станете сопственици на дел од овие производи и директно да помогнете во оживувањето на новите содржини. Агенда 10:30 — Најава на јубилејот и претставување на проектите под брендот „Бушава азбука“. 10:45 — Премиера на шпицата за новиот цртан филм „Буквождер“ и најава на кампањата за донации За секоја донација следуваат подароци од првите брендирани производи на „Бушава азбука“. 11:20 – 13:00 — Активности за деца: • Бушав подарок за секое дете • Боење на буквите од „Бушава азбука“ • Цртање стенсили со спреј • Боење букви на лице 11:20 – 13:00 — Музички сет: Диџеј Vishko Настанот е организиран од Види вака раскажувачко студио, а изработката на муралот е поддржана од Општина Центар. Влез: бесплатен. Добредојдени се деца и возрасни.