Го славиме преславното и сечесно упокојување на пречистата и пренепорочна Мајка и Дева Богородица. Ова Нејзино заминување, кое црковно се нарекува успение (заспивање) или преселување, во суштина е едно Нејзино вечно присуството и близина до секого од нас. Овие неискажливи и надумни таинства со страв и трепет, со умиление и восхит во побожноста, со благодарност се примаат во срцето. Мајката на Животот кон живот вечен се преселува. 🎥 Видео и монтажа: Александар Пауновски Бигорски Манастир 2024