Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
ТЕВБЕ-ПОКАЈУВАЊЕ Денес ќе зборуваме за еден вид на ибадет кој е од исклучително значење. Тој е прв чекор на патот кон Аллах џ.ш. Тоа е тевба, покајување. Бидејќи секој човек врз себе има гревови и гревовите претставуваат товар кои му го отежнуваат патот на човекот во приближувањето до Аллах, па затоа секој мора да се ослободи од товарот, а ослободување од товарот значи правење на тевбе, бидејќи Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Оној кој прави тевбе за некој грев е како без грев." (Ибн Маџе). Гревовите се пречка и препрека меѓу нас и Аллах, затоа мораме таа препрека да ја оттргнеме, елиминираме по пат на тевбе. Тевбе е арапски збор што значи враќање, а со тевбето се враќаме кај Аллах.