Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Куманово празнува 81 година од ослободувањето на градот
Куманово денеска одбележува 506 години од постоењето и 81 година од ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор. По повод празникот на градот, традиционално на Спомен Костурницата беше положено цвеќе од голем број делегации од Куманово, Владата, Собранието, Армијата, МВР, претставници на амбасади во Македонија, на меѓународни организации, граѓани... Празничен говор одржа Цоки Ристовски, потпретседател на општинскиот одбор на Сојузот на борци од Куманово. Свечената седница годинава се одржа во Занаетчискиот дом. Присутните имаа можност да проследат дваесетминутна видео презентација за реализираните проекти на Општина Куманово во текот на изминатата година. Гостите ги поздрави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Димитриевски додели благодарници на физички и правни лица кои бележат врвни резултати во областите на делување, преку посветеност во професиите. Академскиот ликовен уметник м-р Зоран Арсовски - Бабата, проф. д-р Аљмир Рушити, Иван Цветковски, танцовиот спортски клуб „Динамик“, танцовото студио „Виртус“, првиот лиценциран планинарски водич Бобан Стефановски, спортскиот кик-бокс клуб „Предатор“, фудбалскиот клуб „Башкими 1947“ и младинскиот кошаркарски клуб Куманово се добитниците на признанијата од градоначалникот. Во име на добитниците на благодарниците се обрати Тања Китановска. „Ноемвриска награда“ годинава не се додели заради се уште неконституираниот Совет на Општина Куманово, заради што нее формирана и новата Комисија за одбележување на празници, манифестации и доделување на награди и признанија, која одлучува за добитниците. Ноемвриската награда како највисоко општинско признание за прв пат е доделена во 1967 –та година. Свеченоста по повод празникот на градот беше проследена со богата културно-уметничка програма. Follow TV Plus on... • Web: • FB: / tvpluskumanovo • Instagram: / tvplus.kumanovo