Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Сообраќајни контроли во врска со непрописно паркирање
Во текот на вчерашниот ден и денес (23/24), до 14 часот, на подрачјето на главниот град од страна на полициски службеници при СВР Скопје, беа реализирани засилени сообраќајни контроли во поглед на непрописното паркирање, при што осебно беа контролирани сообраќајници и локации каде што е констатирано зачестено непрописно паркирање, како булеварот “Партизански Одреди“ кај пазарот “Буњаковец“ и кај “Сити Мол“, потоа Бит Пазар и други. За време на контролите беа издадени 329 мандатни платни налози по основ на непрописно паркирање, а со возило “пајак“ беа подигнати 105 возила.