Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
DAMJAN DIMEVSKI - Za bratot svadba pravime / За братот свадба правиме (OFFICIAL VIDEO)
Музика, текст: Сашо Николовски Аранжман: Дејан Момировски Продукција, мастер : XL Студио Момировски Видео снимено од ПАНАЈОТИ Шапкаров Изработка на спот: Мартин Авдик Музички инструменти: Хармоника: Давор Кимовски Труба: Стефан Котевски Бас клавијатура: Илија Смилевски Гитара: Марјан Јованов Додатни вокали: Ангела Влинтовска текст: Ајде брате прв на оро мајка, татко до тебе денес брате ти си главен свадба твоја славиме Со песна ора весели по невеста ке одиме со песна ора весели да ја земеме реф. Ааај, за братот свадба правиме ааај, сите да наздравиме ааај, кренете ги чашите ааај, три дена да славиме Ти си брате многу среќен зеде лична невеста благослов ви даде татко да се родат дечиња Со песна ора весели свадба баша славиме со песна ора весели зора да дочекаме реф. Ааај, за братот свадба правиме.... **Инфо за песната!!!** Со особено задоволство сакам да ви ја претставам мојата нова НАРОДНА ПЕСНА и мојот нов видео спот кој е создаден со посебна љубов и внимание. Оваа песна е специјален подарок од мене за мојот брат и се надевам дека ќе го почувствувате целото богатство на емоции и љубов што ги споделуваме. СПОТОТ СОДРЖИ ПРИВАТНИ СНИМКИ од нашата семејна свадба каде што секој момент е уловен со искрени емоции и радост. Секој кадар во спотот е внимателно избран за да го прикаже вистинскиот дух на нашето семејство и пријателите кои беа дел од тој посебен ден. ВО ПРОЦЕС НА СОЗДАВАЊЕ НА СПОТОТ беа земени предвид и почитувани сите лични моменти и приватноста на гостите. Сите присутни на свадбата се контактирани и со голема љубов дадоа дозвола за емитување на нивните кадри во видео спотот. Благодарни сме на сите за нивната поддршка и разбирање, кои ни овозможија оваа идеја да стане реалност. Се надевам дека ќе уживате во спотот создаден од единечни стрикни кадри, без доснимување на нови со цел да се задржи автентичноста и реалноста на песната. Желба ми е да ја препознаете љубовта преточена во овој спот и нека песната ве најде во најдобро расположение и долго да ја пееме за сите наши браќа! Ви благодариме за вашата љубов и поддршка. Со многу љубов Дамјан