Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Oстеопорозата претставува болест при која густината и квалитетот на коските се намалуваат. Како што коската станува попорозна и понежна, ризикот од скршеници значително се зголемува. Загубата на коската се случува тивко и прогресивно, често нема други симптоми додека не настанат скршеници. Нашите коски се составени од ткиво кое постојано се менува. Од моментот на раѓање па се до завршеткот на адолесценцијата коските се развиваат и моделираат.Коските се најцврсти и со најгоема минерална густина во раните дваесетти години- тоа се нарекува пик на коскената маса. Во коската постојано се случува процес на создавање нови коскени клетки (остеобласти) и процес на разградување на дел од коскениот матрикс. Кога ќе се изгуби рамнотежата на ови два процеси во смисол на поголема загуба на коскена маса отколку нејзино создавање доаѓа до појава на остеопороза. Тоа особено е случај во менопаузата кај жените, кога заради наглиот пад на естрогенот доаѓа до дизбаланс во смисол на поинтензивна разградба во однос на создавањето на коскен матрикс, со што се губи минералната густина на коските. Самата осетеопороза не дава симптоми, заради што се нарекува и тивка болест, симптомите се појавуваат дури кога како последица на остеопорозата ќе дојде до скршеници на коските.Коски најизложени на остеопоротични скршеници се вратот на бутната коска, пршлените и рачните зглобови.Карактеристично за остеопоротичните скршеници е дека настануваат под дејство на минимална траума (нискоенергетска траума).