Улиците во Прилеп изрешетани со дупки – каде завршија 54 милиони денари за нивно асфалтирање?

Прес-конференција на Филип Попоски, ОО СДСМ-Прилеп Почитувани сограѓани, На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива – градоначалникот Јовчески и ДПМНЕ велат дека ја има, ама неа сеуште никој не ја видел! Реалноста на која сведочат прилепчани е малку поинаква: во градот владее урбанистички хаос, улиците се валкани, потонати во мрак и изрешетени со дупки како швајцарско сирење. Цели 4 години во градот камче не е поместено. Имајќи го предвид огромниот општински буџет кој за оваа година изнесува 34 милиони евра, прашањето на кое локалната власт на ДПМНЕ никогаш не одговори, е каде и за што се трошат парите на граѓаните? Се распишуваат тендери, се склучуваат договори за реконструкција и асфалтирање на улици, а тие секоја година се се’ полоши и се’ пораскопани. Ако е така, а така е, локалната власт е должна да каже каде завршуваат општинските пари? На пример, минатата година Општина Прилеп со скопската фирма УРБАН ПАВЕР склучила договор за одржување, крпење дупки, изградба на тротоари, патишта и улици во вредност од 10 милиони денари. Ниту улици се асфалтираа, ниту тротоари се направија, а парите се потрошија. За тековната 2025 година нов договор за јавна набавка помеѓу старите партнери – Општина Прилеп и УРБАН ПАВЕР. За разлика од претходниот, овој договор има два дела: • првиот за реконструкција, рехабилитација на улици и општински патишта, “тежок“ 34 милиони денари; • вториот за одржување ударни дупки, прокопи, тампонирање и други работи на улици и општински патишта, во вредност од 10 милиони денари. Или севкупна вредност на договорот - фантастични 44 милиони денари! Она што боди очи, е дека рокот на изведба на работите е 6 месеци, што значи точно до почетокот на локалните избори. Премногу провидно и наивно, но кога е во прашање ДПМНЕ – веќе видено. Дека се лови во матно и дека под изговор на “крпење“ дупки некој “крпи“ стотици илјади евра, покажува и еден друг податок: за еден тон асфалт Општина Охрид плаќа 3.800 денари, Тетово 6.500, Кавадарци 4.650, а Прилеп дури 16.000 денари! Постојат мал милион причини заради кои објавното винителство треба да го прочешла финансиското работење и на Општина Прилеп, но и на општинските јавни претпријатија. Господа од ДПМНЕ, доста ги полневте џебовите - пополнете ги дупките по улиците!

Смотрите также