Канзуров: Парадокс е што во македонската химна темел се историски личности со бугарски идентитет

Вистината треба да му се каже на народот, Гоце Делчев е Бугарин и се разбира и Македонец, како што и јас сум Македонец и Бугарин. Македонец сум, македонски патриот, ја сакам Македонија, сакам Македонија да е одделна држава, одделна политичка единица, но по народност сум Бугарин. И треба да се направи некој модалитет, луѓето што се чувствуваат Македонци и тие малкумина кои што се чувстуваат Бугари да живеат во една хармонија меѓусебе во Македонија. Со тоа што на нас ни се оневозможува денешното живеење да биде еден континуитет на тоа што биле Гоце Делчев, Пере Тошев, Даме Груев другите револуционери, преродбениците, Кузман Шапкарев, Глигор Прличев биле Бугари, со тоа се создава една конфликтност во општеството, се оневозможува на еден етникум во Македонија да живее нормален живот, а парадоксот е што во химната на Република Северна Македонија во нејзиниот историски расказ, темел се токму тие историски линости со бугарски идентитет.

Смотрите также