Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
24 Анализа - Колку ВМРО-ДПМНЕ може да го урне митот за бастионот на СДСМ?
Струмица - најевропски град, како што се фали СДСМ, или приватен посед на кланот Заеви, како што обвинува ВМРО-ДПМНЕ - струмичани помеѓу ветеното и двостраните обвинувања за неисполнето. Колку ВМРО-ДПМНЕ може да го урне митот за бастионот на СДСМ? Дали СДСМ е толку неприкосновен и непобедлив во градот под Царевите кули? Можат ли струмичани да им покажат жолт картон и на едните и на другите? Што нудат, но и што ќе менуваат во Струмица во наредните 4 години? Дебата со кандидатите за градоначалник на Струмица: Жан Дрвошанов од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, Костадин Костадинов СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Васе Витанов од Интегра - Македонска конзервативна партија.