Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Што го врти светот? | Одржување на мозокот во кондиција | Габриела Новотни
Епизода во која зборуваме за мозокот и за тоа како да го одржуваме во кондиција. Според спец. д-р невролог Габриела Новотни работата на одржување на мозокот е нешто кое трае цел живот од детството до староста. Разговараме на теми како: ✔️ Кои се научни поткрепени техники и навики кои го одржуваат мозокот здрав? ✔️ Кои навики на луѓето од т.н. Сини Зони каде живеат најдолговечните жители можеме да ги примениме за да го одржуваме нашето ментално здравје? ✔️ Што значи SHIELD акронимот кој научниците се сложни дека помага во превенција на деменцијата на подоцнежна возраст? ✔️ Дали е подобро да си правиме burn out или да не работиме? Кога се јавува оваа појава? ✔️ Како државите можат да инвестираат во здравјето на мозокот на граѓаните? Здравјето, а особено она на мозокот е предуслов за напредок и развој.