Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
22. Самодовербата како авантура на себеспознавање, со Радмила Живановиќ
Во кризни и нестабилни времиња, очекувано е да ни се разниша вербата во себе. За самодовербата како жени слушаме многу, но најчесто како обид нешто да ни се продаде, брак или ботокс, сеедно. Тогаш, што всушност значи да се има верба во себе и кои се (телесните, интелектуални и креативните) потенцијали и резервоари кои можеме да ги негуваме со цел да одговориме на нашите потреби? Како да научиме да веруваме во сопствениот капацитет, одлуки и суд? Како да кажуваме „не“ без потоа да лежиме будни размислувајќи кого сме разочарале и колку сме заебале? Како да кажуваме гласно и афирмативно „да“ на нештата кои ги сакаме и посакуваме за нас самите? Овие и многу други теми ги отворивме на долго и широко со Радмила Живановиќ, психолог-психотерапевт и дел од колективот Психотерапика, која ги сподели своите стручни и интимни видувања за финиот и важен баланс помеѓу „можам“ и „не можам“ и секојдневниот, досаден и трпелив труд кој мораме да го вложуваме ако сакаме да живееме во склад со себе.