Драган Николовски Даце: Денес не се знае веќе кој е маж, а кој жена во кафана! NK S03E15

Дали балканските мажи излегуваат од мода, а нивното место го заземааат современите мажи? Вечна дилема без конкретен одговор затоа што не секој го доживува балканскиот маж на ист начин. Пејачот Драган Николовски не знае да вклучи машина за перење, докторот Злате Мехмедовиќ не сака да усисува по дома, оперскиот пејач Иван Наумовски не знае да поправи казанче, додека професорот Методи Хаџи Јанев никогаш не морал да бара помош за локација при патување затоа што тој секогаш мора да знае каде се наоѓа. Дали овие карактеристики на нашите гости ги прават нив повеќе или помалку балкански мажи, што всушност значи балкански, а што современ маж? Драган Николовски ќе каже: „Во помодерно време има мажи и мажи, дали се балкански или не се повеќе се современи, многу примивме од тоа западњачкото, почнуваш да не познаваш веќе кои се жени, а кои мажи во кафана“, рече тој, на што Злате Мехмедовиќ додаде дека ДНК треба да им правиш за да дознаеш. Мето Хаџи Јанев гордо признава дека е прав балканец и не гледа ништо лошо во тоа. „Кај нас е извулганизиран тој термин „балканец“ тоа дојде со онаа девастација што настана со транзицијата на општетвото - да плукаме по се она што е од стариот систем“. Според него, балканските мажи се комуникативни, забавни, мачо-менови и Џејмс Бонд за девојките. Епизодата е веќе достапна на нашиот YouTube канал, гледајте „Нешто конкретно“ со Снеже Велков секој недела на Телма во 17.00 часот. 0:00 Интро 0:30 Најава 1:39 Методи Хаџи-Јанев 2:00 Злате Мехмедовиќ 2:18 Иван Наумовски 2:38 Драган Даце Николовски 3:04 Најава на темата 3:50 Карактеристики на современи мажи 4:47 Кој ги поседува типичните балкански карактеристики 6:20 Кој се изгубил при патување 7:40 Инатот на Македонците 9:15 Современ и балкански маж во кафана 11:04 Зошто е срамота да кажеш дека си балкански маж 12:49 Не е во ред да се пркоси на природата 13:34 Елени во кафана 13:55 Македонците на го чуваме нашето 14:15 Живееме во транспарентно општество 15:05 Светот има лошо мислење за балканскиот маж 17:13 Балканците се адаптираат на новите трендови 19:21 Лошо сме претставени низ светот 20:10 Современиот маж ја разбира жената во ПМС 22:11 Самоодбрана од ПМС 23:15 Терапија за мажот во ПМС 24:25 Дали балканските мажи пијат лекови 24:58 Дали денешните мажи се пообразовани или лидери 25:51 Мажите некогаш трачат повеќе од жените 27:13 Титулата како доказ за успешност 28:39 Младите не ги учат дека треба да се борат 29:25 Почитување на постарите 31:05 Срамота е да се расплачеш пред другарите во кафана 31:22 Папучар или прав маж 31:58 Многу е лошо да се пропушти добра девојка 33:07 Предавник или кукавица 34:15 Лесно е да се признае дека си папучар 35:59 Балканските мажи се мамини синови 38:33 Балкански или соврмен зет 39:00 Др. Злате за родителската врска 40:27 Подароци за гостите 42:26 Какви мажи никогаш нема да излезат од мода 43:14 Џентлменот никогаш нема да излези од мода 43:30 Гордост е да се биде балкански маж 45:25 Епизодата како туторијал за совршен маж

Смотрите также