Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
🌍 Земјина орбита и оска - Ден и ноќ 🌞🌚 - Природни Науки II одделение NASA I SPACE
🌍 Земјата: Орбитирање и Ротација | Како се создаваат денот и ноќта? 🌞🌚 🌍 Земјата е една од осумте планети што орбитираат околу Сонцето. Но, што точно се случува кога Земјата се движи? Секој ден Земјата прави круг околу Сонцето, а истовремено се врти околу својата оска! 🌀 💡 Ротацијата на Земјата предизвикува ден и ноќ, а не Сонцето кое го гледаме на небото. Но, како точно се создаваат овие појави? Откријте ги тајните на Земјината орбита, ротација и како тие ги поттикнуваат годишните времиња и должината на нашите сенки! 🌞🌚 🔍 Внимание на сенките – како се менуваат во текот на денот и што ни кажуваат? Проучете ги интересните феномени и научете како функционираат природните процеси на нашата планета! 🌍 📌 Не заборавајте да се претплатите за повеќе интересни видеа! #Земја #ПриродниНауки #ПролетЛетоЕсенЗима #ДенИНоќ #Географија #Астрономија #МлеченПат #Сенки #ВселенскиФакти #YouTubeKids #Македонија #Ученици #ПаметниДеца #nasaОва Ова е нашиот сончев систем составен од 8 планетии секоја од нив се врти околу сонцето. Ова е нашата планета земја, таа секои 365 дена прави цел круг околу сонцето. Патеката по која се движи Земјата, вртејќи се околу сонцето се вика орбита. Невидлива за окото, таа е постојана патека околу едно небесно тело. Земјата се движи на два различни начини. Земјата орбитира околу Сонцето еднаш годишно и ротира околу својата оска еднаш дневно. Земјината орбита прави круг околу Сонцето. Во исто време додека Земјата орбитира околу Сонцето, таа исто така се врти и околу себе. Во науката тоа го нарекуваме ротирање околу својата оска. Земјата се врти околу својата замислена оска,во спротивна насока од движењето на стрелките на часовникот. Еден круг го прави за 24 часа. Важно е да се запамети дека сонцето не патува низ небото. Така изгледа бидејќи Земјата се врти. Бидејќи Земјата орбитира околу Сонцето И ротира околу својата оска во исто време, ние ги доживуваме годишните времиња пролет лето, есен и зима. Тоа се случува затоа што Земјата се врти околу својата оска, па еднаш е свртена накај Сонцето, а друг пат не е. Таа појава се вика ден и ноќ. Кога Сонцето ја осветлува едната половина од Земјата, таму е ден. На неосветлената половина е ноќ. Тоа се случува за едно деноноќие, односно за 24 часа И како последица на вртењето на земјата,се јавуваат појавите: ден и ноќ. Дали сте се запрашале зошто постојат денот и ноќта? Зошто некогаш го гледаме сонцето на небото, а некогаш месечината? Тоа е затоа што планетата земја е сфера која кружи околу сонцето, а истовремено ротира околу својата оска. Како што земјата ротира, така половина од неа го гледа сонцето, а другата половина се наоѓа во сенка. Тоа ни ги создава денот и ноќта и менувањето на сенките во текот на денот. Друга појава предизвикана од ротацијата на Земјата е должината на нашите сенки. Сенките се подолги попладне отколку напладне. Ако ги проучувате сенките и нивниот изглед во текот на денот, преку нив можете да дознаете кое време од денот е. Ако ви се допадна видеото претплатете се за повеќе видеа со ваква содржина. #space #stars #astronomy #astrology #telescope #youtubekids #Млечен пат #Географија #Природни науки #Прво до осмо одделение I-VII #Интересни факти #Паметни деца #Ученици #northmacedonia #youtubekidsmacedonia #nasa