Епизода 11: Моќта на љубовта (со Ивана Хаџиванова)

Кој не мечтае за љубов? Кој не сака да биде сакан? Кој не мечтае да му кажат те сакам? Кој не мечтае да почувствува дека некој е подготвен да оди до крајот на светот за него? Кој не мечтае да почувствува дека навистина значи некому во нечиј живот? Кој не мечтае да му кажат дека не можат да живеат без него? Кој не мечтае да биде центар на нечиј свет? Во единаесетата епизода од мојот поткаст, инспириран од мојата најнова книга „Сè што би сакал да знаев порано“, со Ивана Хаџиванова, разговараме за моќта на љубовта, за разликата помеѓу самољубовта и себичноста и кога љубовта не е доволна за да успее врската. За Ивана: М-р Ивана Хаџиванова Психолог, Гешталт Психотерапевт и Супервизор е искусен професионалец од областа на менталното здравје, со повеќе од десет годишно работно искуство. Основач и директор е на НЕОКОРТЕКС – Центар за психотерапија, психодијагностика тренинг и едукација во Скопје, каде предводи тим од стручни лица. Во секојдневната практика применува Гешталт психотераписки пристап, низ индивидуални, партнерски и семејни психотераписки сесии и психолошко советување, а во едукација е и за втор психотераписки пристап Семејна-Системска психотерапија, која активно ја применува со клиентите. Има завршено ЕМДР тренинг, техника за работа со трауми, под водство на Изабел Фернандез претседател на ЕМДР Италија, како и едукација за Клиничка невропсихологија со невропсихолошка дијагностика. Поседува искуство и сертификати и за работа со родители на деца со посебни потреби, како и за „Прва психолошка помош’’- (Johns Hopkins University). Во склоп на центарот, работи со сите возрасни категории деца, адолесценти и возрасни, вклучително и терапија со игра за деца, за која е сертифицирана (Београд). Со голем успех работи и во полето на групната терапија. „Сè што би сакал да знаев порано“ е достапна во вашата најблиска книжарница и онлајн на веб страницата на Издавачки центар ТРИ, www.kniga.mk.

Смотрите также