Гордеј се мајко Македонијо ! Неофицијална химна на 11та македонска дивизија

Гордеј се мајко Македонијо со својте синови герои герои герои ! И Ниш и Пирот поминавме пред нас е Солун трепери ! Французи Англичани бегат, не чекат нашата ура, остават нивните окопи покрити с тељени мрежи ! Победоносно поминавме вардарските долини ... Со нас е потполковник Дрангов прочут македонски вожд и тој с револвер в раката командваше напред на НОЖ НА НОЖ НА НОЖ ! И сегде врагот победивме сега се врштаме дома , там кајшто наште мајки чекат својте синови ГЕРОИ !!! Единаеста пешадиска македонска дивизија е бугарска воена единица, која е формирана и дејствува за време на Прва Светска војна. Дивизијата е наследник на Македононо- Одринското Ополчение ( МООП). Составена е во најголем дел од българо - македонци од Вардарска и Пиринска Македонија како и македонски бегалци во Бугарија. Командниот кадар е претежно од офицери родени во Македонија како и истакнити дејци на Македонската револуционерна организација. Во дивизијата се праќаат и дезертерите българо- македонци од српската и грчката армија. Идејата за создавање на оваа дивизија иди од раководството на старото ВМОРО околку полковникот Александар Протогеров, поточно од кукушанецот мајорот Петар Дарвингов. Заповедта за создавање на единицата е дадена на 22 Август 1915, а формирањето е завршено на 4 Септември 1915г. Во составот на дивизијата се седум полка- 6 пешадиски и 1 артилериски, како и други пододделенија со личен состав на првиот оперативен ден од 34 745 офицери и војници. Командир на дивизијата е охриѓанецот Генерал- Крсто Златарев, а началник на штабот кукушанецот полковник Петар Дарвингов,командир на втора пешадиска бригада е прилепчанецот -полковникот Григор Ќуркчиев ,командир на трета пешадиска бригада е Охриѓанецот Полковник Александар Протогеров и командир на петти пешадиски македонски полк е скопјанецот легендарниот потполковник Борис Дрангов. Дрангов е пример за офицер, истакнат воин стратег и родољуб било чест да се служи под негово крило. Во Скопје 1916г. е издадена и неговата книга „Помни војната“. Во 1915г. при бугарската офанзива против Србија дивизијата е во состав на Втора бугарска армија и учествува во битките кај Криволак, Струмица Кавадарци, Неготино ... Дивизијата учествува во борби против англичани, французи, грци, срби,руси,италијанци и секакви колонијални војници од големите сили. Поради храброста и саможртвата на нејзините воини и вождови има повеќе песни за истата, една од нив е и оваа неофицијална химна "Гордеј се Мајко Македонијо".

Смотрите также