Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Најновата 9-та епизода на водкастот Вербалиум, со Никола Перевски - ПЕРЕ (Нокаут) и неединствениот и нешармантен водител Петар Младеновски. Пеце и Пере зборуваат за Нокаут како бенд, бренд, приказна која трае цели 25 години. Зборуваат за сцената некогаш и сега. Зборуваат за Скопје низ годините. Зборуваат за тоа колку е добро да испиеш коктел со сомнителна содржина од Индиец на плажата Барцелонета во февруари. За Меси и Нејмар. За новиот предизвик на Пере како професор. За новитетите на Пере од семеен карактер (читај:татковството и трите ќерки) За шпанскиот крал. За проблемите со килограмите и што се уште не. Музички гости:Луфтханза- "ИГРАЈ!" Продукција и монтажа-Мањо Тон-Мањо Светло-Мањо Фотографија и ПР -Мањо Кафе и сок-Мањо Студио-Мањо. Реализација-Мањо Тонец на бенд-Раде Биковски (асистенција на Дени Крстев) Поддржете нè