(Не)намерен бојкот за (не)успешни избори во Гостивар и Врапчиште

Во двете општини на гласањето на 19 октомври не излегоа најмалку една третина од гласачите запишани во избирачкиот список, што е услов за изборите да бидат успешни. На претходните локални избори немаше таков проблем во Гостивар и Врапчиште В.д. градоначалникот на Гостивар од редовите на НАИ, кој ќе победеше убедливо уште во првиот круг ако на гласање излезеа уште 21 гласач, вели дека причината што не е достигнат цензусот е непрочистениот избирачки список но и можниот бојкот на гласањето од политичките опоненти. Градоначалникот на Врапчиште, кој освои над 90% од гласовите од тие што гласаа во неговата општина, е подиректен – ја обвинува Владата, премиерот и владејачките партии дека намерно го саботирале процесот кој знаеле дека ќе го изгубат

Смотрите также