Епизода 1: Активна жена и покрај сите предизвици во животот

Следејќи ги актуелните трендови, на 12 јули го лансираме својот сопствен поткаст кој, како што вели неговото име ,,Женски ритам“ ќе го следи ритамот на различните аспекти од здравјето на една жена – од секојдневните предизвици поврзани со менталното и физичкото, па сѐ до менструалното и социјалното здравје💜 Низ сите 4 епизоди кои ќе бидат објавувани на секоја втора недела, со вас ќе биде водителот Ана Јовковска - Научна истражувачка, новинарка и писателка🙂 Премиерната епизода на dm поткастот зборува за различните животни доби на жената и предизвиците со кои жените се соочуваат секојдневно поврзано со тренингот и вежбањето, но и за влијанието на хормоните и исхраната врз физичкото здравје на една жена. Исто така ќе ви открие како со мали навики да постигнете големи промени! Во оваа интересна епизода, публиката ќе има шанса да ги слушне Д-р Александар Митов - магистер по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето и Драгана Младеновска (на јавноста позната како Dragana Fitlife) – магистер по фармација и диететика😍 Дознајте повеќе за женското здравје тука👇

Смотрите также