Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
360° season 12, show 17 - Како да се помират разликите меѓу извршната и судската власт – интервју
Broadcasted on November 10, 2025 (Monday) on MRT1 at 20.15. Годишниот извештај на Европската комисија (ЕК) за земјава објавен минатата недела само го потврди она што е општо познато, а тоа е дека државава има проблеми во областите на правосудството и борбата против корупцијата, но можеби првпат подиректно и поконкретно од тоа што е вообичаено, ги лоцира и причините за тоа што нема напредок во оваа сфера. „Целокупната независност и финансиската автономија на судството се поткопани од мешањето и притисокот од другите државни власти, вклучувајќи ги и обидите на парламентот да изврши притисок врз членовите на Судскиот совет да поднесат оставка, како и од ограничените доделени финансиски ресурси“, пишува, меѓу другото, во документот од ЕК. Дали оваа констатација го поместува тежиштето во домашната дебата во која досега доминираше ставот дека главната вина е во судството и јавното обвинителство? Токму извештајот од Брисел е поводот во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1 да ја поканиме Мирјана Лазарова-Трајковска, судијка во Врховниот суд. Со неа разговараме и за одговорноста кај судиите и обвинителите за нискиот квалитет на испорачана правда, за подготовката на закони кои треба да придонесат за подобрување на состојбите (а се дел и од Реформската агенда за ЕУ), за процедурата за избор на судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а го отвораме и прашањето за т.н. еколошка правда.