Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Македонски традиционален зелник со праз - Macedonian Pie
Фил 4-5 страка праз црн пипер сол по вкус Ситно исечкан празот се динстува со малку вода и се пропржува на масло. За тесто 800 гр брашно 1 лажиче сол 1 лажиче винска киселина околу 400+ мл. млака вода 250 гр маргарин Од наведените состојки се меси мазно тесто. Најпрво се замесува во вангла, а потоа се префрла на работната маса и убаво се меси,најмалку 5 минути. Потоа, се дели на 2 дела , се покрива и се остава 10-15 минути да одмори. Секој дел се развлекува во правоаголна форма. Се премачкуваат со маргарин и се диплат до средината на кората неколку пати. На секое преклопување се премачкуваат со маргарин, освен најгоре. Така здиплени тестата се оставаат во фрижидер половина час, или во замрзнувач 10-15 минути. Од двете теста посебно се сучат правоаголни танки кори, малку поголеми од плехот на шпоретот. Едната се постила врз намрсениот плех, рамномерно се распоредува филот и врз него се поставува и другата развлечена кора, малку набрана само до внатрешните страни на плехот. Ивиците од горната кора се виткаат навнатре. Зелникот се премачкува со 50 гр. маргарин. Печете на 220 степени околу 40 минути. Топлиот зелник, попрскајте го одозгора со ладна вода и покријте го со платнена крпа. малку да отстои и подолади, околу 15 минути. Добар апетит! #трошкаљубов #веган