Омаж за Димитар Гешоски (1928-1989)

По повод 35 години од смртта на големиот прилепски и македонски актер, доајен и бард на македонското глумиште, Димитар Гешоски изработивме омаж со кој ќе се присетиме на неговата величенствена актерска умешност! Гешоски се вградил цврсто во темелите на македонската држава, не само како актер зачетник туку и како најмлад партизан кој на свои 15 години зел пушка врака и се борел рамо до рамо со останатите македонски партизани против бугарските и германски фашисти во тоа време. Од првиот брак со актерката Нада Гешоска го раѓаат синот Стефан Гешоски (познат бивши кошаркар), а од вториот брак со актерката Милица Стојанова, ја раѓаат прекрасната Искра Гешоска, македонска теоретичарка на уметност. Изразуваме голема почит и наклон кон ликот и делото на големиот Димитар Гешовски, но и за своите потомци кои ги оставил зад себе како светол аманет на неговата Македонија! Со почит и вечно сеќавање, Админ - Горан Марковски.

Смотрите также