РОБЕРТ КИОСАКИ: БОГАТ ТАТКО - СИРОМAШЕН ТАТКО

ОВА Е КНИГАТА ШТО ГО РАСТРЕСЕ ФИНАНСИСКИОТ СВЕТ! Која е разликата во погледите и ставовите на богатите во споредба со обичните луѓе? Во што се разликуваат нивните постапки што даваат драстично поинакви резултати? Роберт Киосаки, инвеститор - милионер, автор и предавач, ја имал единствената шанса да ги открие одговорите на овие прашања уште во своето детство, и тоа од две сосема различни перспективи - богатиот и сиромашниот татко. Едниот, таткото на Роберт, редовен професор со размислувања на обичен работник што работи за плата. И другиот, таткото на неговиот другар, успешен бизнисмен, кој станал негов ментор и му ги отворил очите за огромните грешки што ги правел неговиот сиромашен татко во врска со парите. Богат татко - сиромашен татко е лична финансиска перспектива за целосно преиспитување на тоа како функционираат парите. Не учи како да го забрзаме финансискиот прогрес и како ризикот да ни стане сојузник. Богат татко - сиромашен татко е почетна точка за секој што сака да има контрола над својата финансиска иднина.

Смотрите также