Ревија на народни носии и изведба на песни и ора од етнички предел Леринско поле „Моштенки“

Во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола, беше реализиран проектот „Моштенки“ на нашиот гардеробер Филип Јаковлевски. Наратор на проектот беше нашата Д-р Силвана Петрова Насух. Хронолошки беа прикажани народни носии од Леринско поле од крајот на XIX век до средината на XX век. Музичкиот арнажман на сценската адаптација е дело на нашиот раководител на оркестар Славе Наумовски Чапче. Особена чест на вечерта беше присуството на проф. Ѓорѓи Лазаревски кој прикажа историски факти за моштените. Дизајнот на плакатот и флаерите го изработи нашиот член Андријана Трајкова.

Смотрите также