Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Започнаа проверките на моторичките способности за прием на 400 полициски службеници
Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска денес во касарната "Ѓорче Петров"присуствуваше на дел од контролните проверки на пријавените кандидати од конкурсот за прием на 400 полициски службеници во МВР, што започнаа да се реализираат од завчера (18.11) во базата на Единицата за брзо распоредување (касарна "Ѓорче Петров") и во базата на Единицата за специјални задачи (касарна "Илинден").