Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Неговото семејство, внукот и ќерката ги продаваат по симболична цена , бидејќи сметаат дека на инструментите местото им е во охридскиот музеј, каде ќе бидат правилно сочувани за идните генерации. Татко ми за градот беше, за градот живееше, за него работеше. Јас од секогаш имам желба инструментите да останат во музејот ако може, вели Милка Садилова ќерка на Климе Садило. Виолината е стара два векови, повеќе од пет децении на неа свирел Садило. До неговата длабока старост не се одвојувал од неговото "кемане", свирел и настапувал до последниот здив. Стара е виолината купена е во Битола. 1913 година од фамилија Лозанчеви тие биле музикално семејство, вели Садилова. Скоро половина век од смртта на Садило виолината ја чува внукот, кој искрено жали што никогаш не научил да свири. Јас бев единствен внук, машко дете во фамилијата и дедо ми одлучи да ми ја остави виолината мене. Штета што јас не бев помлад па да почнам да учам да свирам, вели Илија Заричиноски внук на Садило. Инструментите на Садило имаат огромно значење за охриѓани. Онаа фирма која ќе ги купи и подари на градот, од министерството за култура ќе биде ослободена од данок. Ќе бидеме многу благодарни ако навистина со тие неколку илјади евра им се помогне на семејството и овие вредни инструменти кои имаат своја истиорија за еден од најстарите и најпознатите ансамбли од 20 век да останат во Охрид, вели Драги Поп Стефанија професор од Охрид. Ансамбалот "Садиловци" или охридските трубадури не биле музички образовани но пишувале, компонирале и унисорно пееле на пет јазици по свадби, сунети, крштавки, родендени и веселбите на сите големци. Виолината и утот во охридскиот музеј на посетителите ќе им ја раскажуваат приказната за едно убаво време , кога по охридските сокаци одекнувале песните за "дертот" и душата посветени на Фросина, Деспина, Русе и Билјана