Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
РеТрн со Тони Зен – човекот зад ритамот на една генерација
Тони Зен – човекот кој сите добро го знаеме и кој со години е дел од македонската музичка сцена. Со искрена енергија и интересен разговор, ни донесе вистински ритам во новата епизода на РеТрн. Интервјуто беше кратко, забавно и малку поразлично – со јаже во рака и малку кардио, Зен одговара на нашите прашања додека проверуваме колку е физички спремен. Го прашавме за сè – од тоа што би работел ако не беше музичар, па сè до дилемата „Центар или Аеродром?“. А за оние што едвај чекаат – 11 октомври, Борис Трајковски: голем концерт на Тони Зен и Слаткар, како прослава на 18 години заедничка соработка. Двајцата почнаа со „Хип-хоп револуција“, а минатата година се вратија со дуетот „Милион лета“. Не го пропуштајте ова интервју – и секако, не го пропуштајте концертот!