Епизода 2: Менструацијата не е избор

Секогаш посветени на зајакнување на жените и промовирање на нивната благосостојба, со задоволство ја најавуваме втората епизода од нашиот поткаст ,,Женски ритам“! 💚💜 Дали сте се запрашале зошто определени денови сте полни со енергија, во некои пак сте во целосно бунило, додека пак во други уживате во своето тело? И каква врска има сето тоа со менструацијата? Во втората епизода од поткастот ќе зборуваме токму за менструалното здравје на жената, искуствата за првата менструација, промените низ кои поминува женското тело за време на менструалниот циклус, стереотипите и митовите поврзани со менструацијата, а трите извонредни жени-гостинки ќе дадат одговори и на многу други прашања.💭 Дознајте повеќе за женското здравје тука 👇

Смотрите также