Питулици Со Лук 🤤👌🏼🧑🏽‍🍳

Совршен спој на вкусови, едноставен и вкусен рецепт за посни питулици со лук. Може да ги направите и со ореви или со сирење. Денеска Ви споделувам класичен рецепт кој е превкусен и се подготвува со едноставни состојки. 👌🏼🙌🏼 Питулици со лук 700 г брашно 1300 мл вода 1/2 лажичка сода 1 лажичка сол 2-3 лажици зејтин Оформете смеса како за палачинки. Не многу ретка, не многу густа. Пржете ги питулиците како палачинки во загреана тава премачкана со малку масло. За смесата со лук: 350 мл врела вода 100 мл масло за јадење 1 главица лук, истолчена Сол по вкус 2 лажици магдонос, ситно исечкан Промешајте ги дите состојки заедно Потопете ја секоја питулица во смесата со лук и превиткајте како палачинка. Забавно готвење!

Смотрите также