Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
360° season 11, show 78 (in-depth) - Мешано искуство од тестот како функционираат е-услугите
Broadcasted on July 10, 2025 (Thursday) on MRT1 at 22.45. Во ова издание: – Тестиравме како функционираат центрите за услуги и националниот портал за е-услуги – искуството е мешано; – Владата зборува за 325 милиони евра за проекти за општините, но реализираната сума е драстично помала – колку изнесува и зошто; ги прашавме сите 80 општини на колкава сума склучиле договори, а колку потрошиле; – Европски извештај за антиродовите трендови: „Македонската православна црква ги предводеше протестите во јуни 2023 година против законите за родова еднаквост и матична евиденција, при што многу од демонстрантите се документирани како луѓе со врски со руски мрежи“; од МПЦ одговараат – предводевме мирен протест, ниту сме биле вклучени ниту има потреба да создаваме паралелни граѓански структури; – Малата „Топлина“ од охридско Подмоље, која доби голем тендер во РЕК „Битола“, купила атрактивна парцела во Охрид од еден од подизведувачите во договорот за копање јаглен и јаловина; градоначалникот вели дека за локалцијата има иницијатива за промена на ГУП; – „Саботажа“.