10 совети за учтиво однесување со деца со попреченост

Во Македонија има околу 250.000 деца и возрасни со некаков вид попреченост. Сигурно ќе се согласите дека се тоа многу луѓе. Тоа значи дека е голема веројатноста да имате член од семејството со попреченост, да имате пријател со попреченост или да сретнете дете со попреченост. Затоа, важно е да сфатиме дека луѓето со попреченост не се разликуваат од мене или од тебе. И помалите деца и младите и возрасните, сите можат да научат како да постапуваат учтиво и да се однесуваат убаво со другите, поинаквите од нас. Не е тешко да се запознаваме со луѓето во наша околина.Едноставно е, човечно е и корисно е. Можно е некое случајно познанство да прерасне во вистинско другарство. Поради тоа, подготвивме десет практични совети кои ќе ви помогнат и ќе ве охрабрат полесно да комуницирате со лицата со попреченост. За да бидат посликовити, ги надополнивме со илустрации од секојдневни ситуации. Откако ќе ги прочитате, веројатно сите ќе се согласиме дека ако се однесуваме според едноставните совети како да се запознаеме со различните луѓе на каква било возраст, атмосферата ќе биде позитивна и пријатна. Па, уживајте во новите познанства и другарства! *** ПРКОС, www.prkos.mk Превод и адаптација од англиски јазик на Ten tips for kids disability etiquette: Ирена Апостолова Илустрации: Ивана Маркоска Докоска Лектор: Татјана Б. Ефтимоска Видео продукција: Кома дизајн студио Скопје, 2023 година.

Смотрите также