Д-р Милка Клинчева - Срцева слабост

Процесот на стареење на кардиоваскуларниот ситем обично започнува да се забрзува по средината на педесетата година. При ова стареење не се погодени еднакво сите негови делови. Срцето и крвните садови претрпуваат одредени промени со текот на годините поради што се јавуваат болести како што се болестите на срцевите залистоци и валвулите. Познато е дека 90 % од валвуларните болести се хронични и се развиваат постепено во текот на многу години. За оваа проблематика, за начинот на дијагноза, третман на болестите на кардиоваскуларниот систем и пред се за валвуларната болест повеќе слушнете од разговорот со доцент д-р Милка Клинчева, специјалист интернист, супспецијалист кардилог во нашата клиника.

Смотрите также