Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
KRCIN 2019 = Крчин 2019 -Таворски блесок на врвот Крчин 18 август 2019 лето Господово
Таворски блесок на врвот Крчин 18 август 2019 лето Господово Четврта година по ред како нашето братство од Бигорскиот манастир и нашите сестринства од манастирите на Светиот Победоносец Георгиј и на Богомајката Пречиста, предводени од благословот на возљубениот ни Старец, Архимандрит Партениј, со најпосебна љубов и возвишени чувства отслужија Божествена Литургија на врвот Голем Крчин (2341 м). Повеќе од 600 верници – планинари, алпинисти, спортисти – притекнаа од сите страни на нашата земја за да се искачат на овој чудесен по својата убавина врв, и таму, во пресрет на празникот Преображение Христово, да се сретнат со Добриот Бог, Кој ги исполни нивните срца со двојна радост.