ВЕЛИГДЕН ВО СЕЛО ГЛУВО

Сведоштво за заборавеното, но не и изгубеното. Во срцето на Македонија, каде времето се чини дека застанало, лежи Глуво – мало, но полно со душа. Оваа документарна репортажа не е само патување низ уличките на селото, туку и низ животите на последните негови чувари. Новинарот Зоран Костески – Шваца, со својот препознатлив стил, ни го носи Глуво како што ретко кој може – автентично, топло, со почит кон минатото и прашања за иднината. Преку лични сведоштва, напуштени куќи, мирисот на стари лозја и звуците на тишината, откриваме едно село што, иако се вика Глуво, има многу да ни каже.

Смотрите также