Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Уште одамна откако останува како самохран родител на три малолетни деца, на Даниела Сребреновска од Злетово и започнува тежок живот полн со несигурност, болести, беспарица, солзи и неизвесност за новиот ден. Со години живее во домот на родителите каде ги расте своите деца. Мајка и која и беше најсилна поддршка од неодамна е почината, а сега за таа и децата да не гладуваат и да имаат топол дом и храна, таа улога за превзема нејзиниот татко кој често е во планина за да обезбеди дрва за огрев, но, и хуманите поединци од тој регион кои се трудат да му обезбедат храна, облека и училишен прибор на ова семејство. Но, болестите не ги поштедуваат ниту неа, ниту нејзините деца. Даниела поради сите проблеми и нарушено здравје зема боледување од работа, а поголемиот син Дејвид има аутизам, епилепсија и веќе толку нарушен вид што ако наскоро не му биде изведена итна операција на очите во Скопје му се заканува и губење на видот. За таа операција на Даниела и се потребни 3500 евра кои самата не може да ги обезбеди. Со слаб вид и кревко здравје е и нејзината ќерка Меланија, на која исто така и е потребна посебна нега. Само малиот Ѓорѓи е тој што ја превзема улогата на маж во куќата, па иако има само 12 години тој се грижи за сите домашни работи. Иако, потајно сите сакаат нови детски соби, компјутери и мобилни телефони, овие мали ангелчиња се подготвени да се откажат од се, само Дејвид да продолжи да гледа со очите Неволјите, препреките и проблемите на крајот не зајакнуваат. Но, за да дојде до тоа скалило, на Даниела во моментот потребни сме и сите, а најмногу на малиот Дејвид, чиј вид и здравствена состојба зависат само од нашата помош, и хуманоста која ќе му ја покажеме. #нашетомалкунекомуможедазначисе