Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
СТРЕС - Професор д-р Методи Чепреганов во Неделен Магазин на МТВ
Најчестата реченица која во последно време сите ние се почесто ја слушаме од пријателите, колегите, или од соседите е дека еднаш или два пати во текот на денот се наоѓаат во состојба на СТРЕС. Тогаш помислуваме дека човекот се наоѓа во некоја неволја и заради тоа е растроен, нервозен па дури и понекогаш пушта солзи. Доколку се обидете да ја најдете причината за сето тоа и навлезете малку подлабоко и да најдете дефиниција ШТО Е ТОА СТРЕС ќе откриете дејка тоа е состојба во која нашиот организам да се одбрани од некоја несакана или неволна ситуација. Токму за оваа состојба на СТРЕС која што е околу нас или во нас разговараме со еминентниот почитуван професор д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар Во разговорот ќе слушнете што стресот прави на нашата личност? Какви сме во интерперсоналните односи? Кој сме ние воопшто во состојба на СТРЕС?