Преку поправка на стар мебел до излез од зависноста

Гоце Мукевски и Благојче Пишмановски се дел од осумте волонтери кои живеат и работат во „Рето Надеж“, социјално претпријатие за рециклирање на стар мебел. Како поранешни зависници од дрога тие зборуваат за нивното искуство во „Рето“, кое служи и како центар за рехабилитација и ресоцијализација. Мукевски и Пишмановски заедно со другите волонтери и штитеници деновите ги минуваат во поправка и репарирање на стар мебел и бела техника, а нивните производи се нудат и во продавницата во скопското село Батинци.

Смотрите также