Средношколец оди пеш неколку километри заради укината линија

15-годишниот Небојша Бојковски од Никуљане оди пеш по неколку километри за да стигне до комбито со кое се превезува до градот, односно до техничкото училиште „Наце Буѓони“. Проблемот со превоз на ученикот настанал кога заради економска неисплатливост била укината линијата Куманово- Челопек- Старо Нагоричане. Станува збор за линија од меѓуопштински превоз, за која општините Старо Нагоричане и Куманово заедно треба да распишат оглас. Follow TV Plus on... • Web:
• FB:  / tvpluskumanovo   • Instagram:  / tvplus.kumanovo  

Смотрите также