Униформата на Петре Прличко од „Сомнително лице“ е добриот дух во музејот на МНТ

Во музејот во Македонскиот народен театар можеби најстариот експонат е костимот на, она што се нарекува добриот дух на МНТ, Петре Прличко. Костимот од претставата „Сомнително лице“ во која го игра насловниот лик. Претставата се играла од 1945 до 1984 година“. Музејот е концепиран според највисоките музеолошки стандарди, како постмодерен музеј чија постојана поставка е концепирана како динамична, интерактивна комбинација на реални експонати и дигитални презентации низ кои ќе се раскажуваат оние мали и големи тајни, приказни и вистини за театарот, неговите актери, режисери, драматурзи, сценографи, костимографи ...

Смотрите также