Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Да се биде полицаец значи да се биде доследен на својата професија, чесно и одговорно да се извршуваат професионалните задачи и да се биде пример за сите граѓани. Полицијата е наш бескомпромисен чувар на законот и јавната безбедност. Специјалната Антитерористичка Единица Тигар е синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и насилниот криминал спроведувајќи највисоки борбено-технички задачи. Припадниците на оваа единица се свесни какви ознаки носат на својата униформа и дека таа чест и привилегија од секој нејзин припадник бара крајно професионални и специфични вештини. Како припадничка на САЕ Тигар, Виш инспектор и преговарач, со нејзината успешна приказна, нејзиното знаење и искуство е подготвена да одговори на сите предизвици и воедно да докаже дека во нашата земја може да се успее и како специјалец и како жена.