Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Слободни Фрлања - Спец Олимпијада x Војдан x Јелена & Рикиќ
Под мотото: "Дозволи ми да победам, а ако не можам дозволи ми да бидам храбар во обидот." и по повод Светскиот ден на лицата со попреченост 3-ти Декември, организиравме пријателски турнир во слободни фрлања. Атлетите на Специјална Олимпијада во кошарка, Јане Никодиновски, Горијан Стојковски, Виктор Бошкоски, Адмир Дупљак и Мирослав Ѓорѓиевски можат да се пофалат со сребро од Лос Анџелес - 2015 год. и бронза од Абу Даби 2019 година, а од денес и со ЗЛАТО за нивниот перформанс во Слободни Фрлања. На гости ни дојдоа и добро познатите кошаркари Војдан Стојановски - наш истакнат репрезентативец и Роберт Рикиќ - новиот играч на МЗТ Скопје, како и една од најдобрите кошаркарки на Македонија - Јелена Антиќ. Си поминавме одлично, шутиравме слободни, одигравме по некоја акција, се дружевме, си направивме супер кул муабети и јадевме една прекрасна торта од најдобрата слаткара Лапетит. Благодарност до сите учесници во видеото како и до: Ана, Даци, Дарко, Пере, Гоце, Нено и останатите вклучени во организацијата на Специјална Олимпијада. За време на снимањето беа почитувани сите пропишани мерки и препораки за заштита од Ковид-19. Скопје, 2021