Самоспознавање / Self-acceptance - видео перформанс на Харис Салкоски

Самоспознавање е процес на истражување на човекот во својата психа и како сите ние се справуваме со најразлични предизвици за време на нашето патување низ животот. Со ова видео се прикажува патот, сомнежот и прашањата кои му се појавуваат, со цел психолошкиот момент на една индивидуа да се стави на повисоко ниво и да поттикне грижа за менталното здравје, за подоцна да донесе и до нормализирање и прифаќање, како од лична страна, така и од општеството. Прифаќање е она за коешто сите се бориме. И не треба да бидеме задоволни што некој нешто ни дал, од работите кои што ни следуваат како луѓе, туку сплотено да ги рушиме стигмите и дискриминацијата и сите да живееме во подобро општество. Актер: Харис Салкоски Глас: Ангела Стојановска Сценографија и body-art: Бојан Ковски Видео и монтажа: Горан Бошковски Музика: Revival - Orchestral Instrumental by Fearless Motivation Instrumentals (   • Revival - Orchestral Instrumental - Epic B...  ) Локација: Културно-социјален центар „КОМИТЕТ“ Ова видео е овозможено преку проектот „Млади артивисти за промена (МАП)“, кој е финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија. Мислењата и ставовите произнесени во видеото не мора задолжително да ги изразуваат официјалните ставови на донаторот ниту на спроведувачот.

Смотрите также