Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Деветгодишен ученик од Скопје со посебен интерес и дарба за математиката и природните науки. Од неодамна доби стипендија и сега учи во НОВА Меѓународно училиште во Скопје. Од 2022 година, Македон учествуваше на пет меѓународни турнири „Математика без граници“, освојувајќи два златни, два сребрени и еден бронзен медал. Тој има добиено признанија за академските достигнувања од македонскиот Министер за образование и наука и од Претседателот на нашата држава. Во 2021 година ја доби наградата за млади таленти доделена од Претседателот, како признание за неговите академски достигнувања. Познат е по тоа што веднаш може да пресмета задача со множење со големи броеви и има свој начин како го прави тоа. ------------------------------------------------------------------- Симболизирајќи 32 години од нашата независност, иницијативата истакнува 32 значајни личности – 10 номинирани од ТИРЗ и 10 од Стопанската Комора и 12 од граѓаните. 🌐www.idninadoma.mk „Иднината Почнува Дома“ – иницијатива на ТИРЗ и Стопанската Комора која има за цел да поддржи и извади на површина индивидуалци кои како едни од многуте меѓу нас, се истакнуваат во своите области на делување, прават позитивна разлика и работат посветено како важни делови од обликувањето на иднината на нашата нација. Тие се светли примери на луѓе кои успешно градат кариера, започнуваат или наследуваат бизниси и се доказ дека навистина, иднината почнува дома.