Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Министерот Лога во КПУ Идризово, мизерни и супстандардни услови , потребна е итна Амнестија
Министерот за правда Кренар Лога заедно со претседателот на Анкетната комисија за заштита на човековите слободи и права, Халил Снопче, членот на комисијата Драгица Ѓавочанова , дирекоторот на УИС Јовица Стојановиќ, директорот на КПУ ,,Идризово” Зоран Јовановски и заменик директорот Феми Јонузи, извршија увид и одблиску се запознаа со состојбата, условите во затворот , разговараа дирекно со затворениците и беа информирани за проблемите со кои се соочуваат. Мизерни, катастрофални и супстандардни услови за издржување на затворските казни, пренатрупаност , затвореници спијат на под, нема соодветна здравствена заштита, нема соодветни санитарии, искршени кревети, мувлосани ѕидови. Овие услови докажуваат зошто ни е потребен итно Закон за амнестија, со кој барем минимално ќе се растеретат капацитетите. Се работи за луѓе. И покрај извршинетите дела тие се луѓе и заслужуваат достоинство. Наместо ресоцијализација и враќање во нормален живот, со ваков третман состојбата на овие лица може да се влоши уште повеќе. Апелираме оваа состојба да не се злоупотреби за политички цели а пратениците да покажар хуманост и да дадат поддршка на Законот за амнестија. Со почит, Министерство за правда