Од архивата на РТБ Берово: Репортажа за ковачкиот занает насловена „Ковачот“ снимена 2002 година

Занаетчиството во Берово низ времето било белег на градот и целата општина, каде многу наши граѓани, занаетчии со задоволство работеле, ги услужувале жителите и егзистирале од занаетите кои им биле пренесени од нивните предци. Посебно бил распространет ковачкиот занает, со поголем број ковачилници низ градот и околните села. Денес сето ова е изгубено и можеме да сретнеме само една ковачилница, која заради традицијата се отвора неколку пати неделно, а ретко некој да има потреба да дојде во неа. Ви пренесуваме една документарна емисија од архивата на поранешната радио телевизија Берово (РТБ), насловена „Ковачот“ која е снимена во 2002 година.

Смотрите также