Прес-конференција Бизнис Лига на Македонија (10.02.2025)

Најелитното аматерско натпреварување во мал фудбал, Бизнис Лига на Македонија, на 10.02.2025 одржа прес-конференција. На самата прес-конференција беа претставени компаниите учеснички, системот на натпреварување и распоредот за есенскиот дел. Сезоната 2025/2026 е шеснаесетта последователна сезона во која Бизнис Лига на Македонија брои 25 компании, и тоа: А1, Алкалоид, Алма М, Атлантик, ЕВН, ЕЛЕМ, Киел, Кромберг и Шуберт, LC Waikiki, Леорон, Лукоил, Макстил ,Матрикс, МРТ, Нетцетера ,Окта, Аџибадем Систина, Стопанска Банка, ТАВ, Темато, Тиквеш, УНИКА, Фабрика Карпош, Халк банка, Ван Хоол И оваа сезона, Горска ќе биде дел од Бизнис Лигата. Таа ќе има задача да ги освежува натпреварувачите. Свое обраќање имаа и проект-менаџерите Младен Ѓуроски и Филип Николовски, кои им посакаа на компаниите пред сè фер-плеј игра и успешна сезона, исполнета со многу забава, и како и секогаш, да победи подобриот. На прес-конференцијата се обрати и директорот на С. Ц. Борис Трајковски, Данијел Апостолоски, кој го потврди континуитетот на соработката помеѓу Бизнис Лигата и С. Ц. Борис Трајковски. Во дискусија со компаниите учеснички по нивно барање се усвоија две точки кои беа ставени на дневен ред под разно и тоа: 1. Секоја од екипите има право еднаш во текот на полувремето преку тренерот на екипата да побара да се прегледа ВАР снимка за спорна ситуација по донесување на судска одлука. 2. Во елиминациската фаза (завршен турнир) после петтиот досуден фаул се изведува удар од 9 метри се до завршување на полувремето – натпреварот.

Смотрите также