Поткаст #22 | Како градежниот картел го бетонира културниот идентитет на Македонците и Албанците?

Денот на ослободувањето на Скопје е потсетник на борбата за слобода и зачувување на идентитетот на градот. Но денес, градот и Републиката се соочуват со нови „окупатори“ – економски и политички моќници кои поради своите деловни интереси, преку трговија со влијание го окупираат јавниот простор и го загрозуваат културниот идентитет. Во првиот поткаст од новата сезона на Разговор во Редакција, откриваме како градежната мафија и приоритетите на бизнис елитите го поткопуваат јавниот интерес. Со архитектот и универзитетски професор Мишко Ралев разговаравме за важноста од зачувувањето на македонското архитектонско наследство и како градежната мафија го загрозува културниот идентитет. Новинарите од ИРЛ, врз основа на прекуграничното истражување со Албанија, ги разоткриваат мрежите на влијание меѓу бизнис и политички елити.

Смотрите также