Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Виталните органи се многу важни за правилното функционирање на нашето тело. Во ова видео ќе научите кои се најважните органи како што се срцето, белите дробови, црниот дроб и бубрезите, и како тие работат за да го одржат нашето тело здраво. Разберете како тие помагаат во дишењето, циркулацијата, и чистењето на отпадните материи од организмот. ❤️ #ВиталниОргани #ПриродниНауки #Здравје #ЧовечкоТело #Едукација #Наука #Учебник Виталните органи се наоѓаат во внатрешноста на нашето тело. Тие имаат важна задача во нашето тело и ни помагаат да останеме здрави. Витални органи се: мозок, срце, бели дробови, желудник, бубрези Срцето е посебен мускул во нашето тело. Се наоѓа во нашите гради. Срцето ја пумпа крвта низ целото тело. Срцето е приближно големо колку вашата тупаница. Човекот има два бубрега. Тие се сместени во стомачната празнина од двете страни на `рбетот. Бубрезите имаат кафеаво-црвена боја. Личат на зрно грав, но се поголеми. Тие служат за прочистување на крвта од вишокот вода и штетни материи.Мозокот се наоѓа во главата и е заштитен со черепот. Тој ја контролира работата на сите органи во телото.Одговорен е за говорот, помнењето, мислењето и друго. Сите наши активности од наједноставните (пр. облекувањето) до посложените(пр. рашавањето математичка задача) може да се извршат со нашиот ,,главен компјутер“ - мозокот. Белите дробови се главни органи за дишење. Кога воздухот влегува во белите дробови тие се шират, а кога се испушта надвор од белите дробови тие се празнат. Желудникот е мускулест орган кој личи на ќесе. Во него се вари храната што ја внесуваме во нашето тело. Природни науки 3-одделение Eduino -E ucilnica Eдуино - Е училница #еду Теми од учебници по Природнои науки и Географија од прво до осмо одделение.